Познатата фолкерка прв пат се омажила на само 14 години – и потоа уште три пати …
Фолкерката немаше среќа во љубовта
Фолк-пејачката Злата Петровиќ досега дури четири пати го изговори своето судбинско „ДА“, но секој нејзин брак не траеше долго и завршуваше со развод.
Но она што ги шокираше нејзините фанови е што фолкерката во емисијата Ексклузив призна дека првиот брак се случил кога имаа само 14 години,
Имено, до овој брак дошол по договор на нејзината мајка, но бракот не бил од љубов бидејќи Злата во тоа време била вљубена во друг маж. По некое време таа се омажи за познатиот хармоникаш, но и оваа заедница не беше долговечна бидејќи му пречело што многу ја сакала „песната и кафеаната“.
Иако се шпекулираше дека тешко ги поднела пропаѓањето на браковите со Хасан Дудиќ и Зоран Пејиќ Пеја, фолкерката истакнува дека „никој тука не плачел многу“. И како што вели, никогаш не се знае дали ќе се омажи и по петти пат „Боже мој па жените се мажат и на 70 и 80 години“, истакна таа.