„Атиџе има нова куќа, но не ќе беше лошо и нашиве министри да донираат нешто“
Живее во склад со природата секогаш одвојувајќи само половина мед за себе, а половина за пчелите.
Атиџе е скромна жена која живее со својата стара и тешко болна мајка во едно зафрлено планинско село, Бекирлија, во Овче Поле, далеку од цивилизацијата, во потполна изолација, која на еден начин стана универзална.
Таа луксузот го мери со бројот на залаци што ќе ги изеде, но се ќе се промени кога во селото ќе се всели едно многучлено семејство. Нивните неморални потези ќе предизвикаат помор на пчелите, бидејќи се номади кои сакаат да ги искористат сите ресурси и потоа да заминат на некое друго место за експлоатација.
Тамара Котевска и Љубомир Стефанов на овој начин ни преставуваат семејство кое уништува се што ќе најде пред себе – но и тие се жртви на современиот живот, луѓе кои не знаат за подобро. Тие се совршен пример за тоа како себичноста денес е основа на човечкото однесување, а алчноста негов производ кој многу лесно може да не уништи сите.
Во кратки црти ова е приказната за Aтиџе – последната жена во Eвропа што собира мед на природен начин а ако се уште не сте го гледале документарецот, еве неколку фотографии кои ќе ви ја доливат атмосферата од ова генијално дело на макeдонската Кинематографија.
Новинарот Фуркан Салиу на Фејсбук објави видео од кое може да се види како изгледа куќата.
„После силната порака што ја испрати до целиот свет, мислам дека барем малку не задолжи сите нас… Кој сака да донира подолу го има линкот, а ако некој сака лично да и помогне, ќе ја најдете на 60 километри од Скопје, близу Лозово. А замислете колку добро ќе беше 24 министри да донираат 20% од платата за овој месец за личност како што е Атиџе“, пишува новинарот.