Реклама
MAMAКафе муабет

Ако продолжиш да ги бараш оние кои те напуштиле, ќе ги пропуштиш оние кои навистина се грижат за тебе

Реклама

Можеби е тешко да ја прифатиш ситуацијата дека некои луѓе решиле да те напуштат, да си заминат без збор, оставајќи те во бунило.

ФОТО: lonerwolf.com

 

Можеби е тешко да се живее со некој кој ти бил се’, но животот не застанува во тој момент. Можеби ќе те боли и ќе мислиш дека нема надеж, но колку побрзо дозволиш сонцето повторно да огрее над твоето небо, толку побргу ќе ги видиш сите оние луѓе кои ја чекаат твојата насмевка и се радуваат на твојата среќа.

Маркетинг

Не мрази ги оние кои заминале, туку заблагодари им се што ти дале нешто убаво, а потоа, продолжи да ја бараш вистинската убавина за тебе. Не фокусирај се премногу на минатото, не барај ги оние кои заминале, не отворај си стари рани. Издигни се и посакај им понатамошна среќа, на тој начин ти побргу ќе погледнеш во реалноста и ќе ги зграпчиш новите надежи.

Наместо да се фокусираш на оние кои те напуштиле, фокусирај се на оние личности кои избрале да останат тука со тебе. На оние кои те почитуваат и на оние кои те поддржуваат и те поттикнуваат да растеш. Во еден момент ќе сфатиш дека си богата со луѓе кои не се срамат да ти покажат колку им значиш.

Маркетинг

Не фокусирај се на минатата болка. Дозволи ѝ да остане таму, зашто во спротивно ќе ги пропуштиш убавите работи кои се околу тебе. Не затворај им ја вратата на оние кои упорно тропат за да те прегрнат. Отвори, дозволи радоста повторно да се всели во твоето срце, сакај, живеј, создавај спомени, уживај во сегашноста и сонувај за иднината, а нека минатото остане зад тебе, од него учи ги само лекциите!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button