Нема да ви се верува, но лажниот принц на Македонија и Црна Гора се уште „оперира“ – погледнете како го крсти своето бебе, но и како ја прослави Стара Нова година
Несудениот принц на Македонија и Црна Гора, неговото „величество“ Стефан Чернетиќ, кој со својата измислена кралска титула измами многумина во Македонија, но речиси и во цела Европа, се уште е во акција.
Тој деновиве сподели фотографии од еден луксузен хотел во Атина, преку кои најави дека била гости на вечера на Руската Нова година. На фотографиите е со неговата сопруга и со нив им ја честиташе Старата нова година на сите христијани кои слават според Јулијанскиот календар
Инаку, Стефан пред неколку години се ожени и доби син, за кого тврди дека е наследник на Црна Гора, Македонија, Србија, Влашка, Војводина, Албанија, Бугарија и Грција. Бебето го крсти Константин Дванаесетти!
Чернетиќ (кој сега се потпишува и како Црноевиќ) своето бебе го претстави како продолжување на лозата.
„Новото кралско бебе во царската куќа на Црна Гора и Македонија. Црна гора еден ден ќе има наследник на тронот. Да живее неговото кралско величество принцот Константин“, напиша пред неколку месеци лажниот принц, кој очигледно за синот има одредени претензии.
Па така малиот принц веднаш доби и свој грб и облека, а само две недели по раѓањето и круна на Влашка и Војводина. А со секоја нова објава принцот Стефан му доделува по некоја земја со која малиот Константин Дванаесетти ќе владее.
Неговото кралско величество принцот Константин од Црна Гора и Македонија, најмладиот монарх денес во Грција.
Да го одбележиме раѓањето на Неговото царско кралско величество принцот Константин престолонаследникот на Црна Гора, Македонија, Албанија, Србија, Бугарија и така натаму. Кралската куќа му обезбеди комеморативни медали, пишува на фотографијата објавена на неговиот профил.
Бебето во Охрид беше крстено од Архиепископот македонски, додека неколку недели претходно се венчаа и неговите родители, Стефан и Карола (Хара).
Иако оваа жена, која најверојатно е Гркинка, самата не се претставува со лажни титули, нејзиниот сопруг постојано го прави тоа во нејзино име.
Припадник на македонска кралска династија и потомок на Гај Јулиј Цезар
Да потсетиме, Стефан беше главна тема во медиумите пред неколку години, кога се дозна дека служејќи се со својата измислена титула обезбедил за себе вечери, гламурозни приеми, ексклузивни места на трките во Монако. На својот невешто направен сајт кој се уште постои, тој тврди дека е принц на Македонија и Црна гора, и потомок на царот Консантин и Гај Јулиј Цезар.
Најголема гордост му е очигледно кога се сретна со плејбој зајачицата Памела Андерсон, која дури и ја одликуваше, ја прогласи за контеса и голема дама на Црна Гора, а нејзината слика се уште е на неговиот профил.
За неговата превара се дозна кога престолонаследникот на македонскиот трон во еден хотел во Италија направи голема сметка и си замина. Менаџерот долгот го испрати до амбасадата на Македонија од каде стигна одговор како суден туш – „Не испраќајте ни сметки принц немаме, а и сигурни не го делиме со Црна Гора“.
Случајот беше пријавен во полиција, па Чернетиќ беше уапсен и кај него беа најдени фалсификувани пасоши, државни грбови, налепници… Тој беше уапсен, но не и осуден, па тој брзо продолжи со своите бурлески.