Реклама
Холивуд

Еве што се крие зад одлуката на принцот Хари и Меган Маркл што ги шокираше Британците

Реклама

Цела Британија во шок по одлуката на Меган и Хари

Откако принцот Хари и Меган Маркл објавија дека се повлекуваат од кралското семејство и дека работат на тоа да бидат „финансиски независни“, очите на Британците, па и на целиот свет се насочени кон нив. Почнаа да се појавуваат и разни теории за причините за ваквата нивна одлука, па така најпрво едни ја обвинија Меган дека го растура кралското семејство, како и тоа дека одлуката ја донеле на своја рака, за да на крај произлезе дека Хари се консултирал со семејството пред да го направат овој чекор.

Маркетинг

Но медиумите ако го насочија своето внимание и го почувствуваа пулсот на етничките заедници, немаше да бидат толку изненадени од ваквиот Мегзит, вели Афуа Хирч, авторката на книгата „Brit(ish): On Race, Identity and Belonging”, во својот текст објавен во Њујорк Тајмс, под насловот „Црните Британци знаат зошто Меган си заминува“.

„Со новиот премиер кој искажува расистички рафали поефикасно и од Доналд Трамп, со Брегзит кој му дава сила на национализмот и желбата да се протеруваат емигрантите и со се’ посилното будење на носталгијата за класичното кралско семејство, повеќето Британци сакаат да се исели од тука“, вели Афуа. Таа потсетува и на тоа дека првиот наслов за Меган во британските медиуми ги содржеше зборовите како ‘егзотичен ДНК’, и дека скриениот расизам секогаш бил присутен во известувањата за неа.

Маркетинг

И при првото воведување на Меган во кралското семејство се случи испад, кога принцезата Мајк од Кенд носеше расистички брош. Таа подоцна и’ се извини на Меган и на јавноста заради навредливиот моден детаљ. Потоа, да не го заборавиме случајот на водителот Даниел Нејкер кој го спореди бебето на Меган и Хари со шимпанза и кој беше отпуштен од БиБиСи.

Кога Кејт Мидлтон беше гостинка кај уредникот на „Хафингтон пост“, јавноста сјајно реагираше. Исто се случи и кога Хари го уредуваше програмот на БиБиСи, како и кога принцот Чарлс два пати беше гостин – уредник на магазинот „Country Life“. Но кога Меган беше гостинка во британскиот Вог, јавноста се дигна на нозе и ја бомбардираше со отровни коментари.

„Без разлика колку сте убави, со кого сте во брак, со што се занимавате, дали правите добро во општеството, колку сте лојални, секогаш ќе ве мерат на основа на расата на која што припаѓате. Британското општество е такво, ригорозно, и се уште постои силна врска помеѓу привилегиите и расите. Луѓето што не се бели им зборуваат дека треба да бидат благодарни на она што го имаат, а ако не им се допаѓа, да ја напуштат земјата. Британија отсекогаш се води според доктрината на супериорноста. Тие ги воспоставиле и засилиле институциите на ропството и расизам, ги регрутирале луѓето што живеат на Карибите од Африка и за мала дневници ги користеле за работна сила. Тоа се случува и денес. Очигледно дека на Хари и Меган тоа им е кристално јасни. Тие сакаат да му овозможат на Арчи да расте подалеку од таквиот свет.“

„Да се потсетиме дека само Арчи не ја доби својата титула кога се роди“, пишуваа оваа авторка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button