Нашиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, има нова девојка
Како што пренесе порталот Женски магазин, Никола е во врска со убавата новинарка Катарина Синадиновска. Тие веќе некое време не се кријат и во јавноста се појавуваат заедно и редовно се гледаат, а за нивниот однос на почетокот знаеја само нивните најблиски пријатели.
Министерот за надворешни работи Димитров (48) зад себе има два неуспешни брака и три деца. Катарина пак која работи како асистент на Главниот и одговорен уредник на Капитал, и е претседател е на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија, е мајка на две деца.
Инаку Катарина не ја потврди, но не ги ни демантираше овие гласини. Таа во разговор со Женски магазин само кратко изјави: „Можам само да кажам дека сме блиски, но дека нашата врска не е во сферата на јавен интерес“.