Стрелците знаат да заминат во светот на фантазиите и да им се препуштат на соништата. Но, тие не се толку наивни за да можете да си играте со нив!
Стрелецот е спонтан и постојано ги менува своите планови. Секогаш се движи кон своите цели, а слободата е она што му е најпотребно. Слободата е тоа што му е потребно и да продолжи да се движи напред. Мора да има доволно простор за авантуристот во него да излезе на површина.
Она што најмногу ги возбудува е набљудувањето на светот околу себе. Целиот свет е негово игралиште, исполнет не само со места, туку и со луѓе и со идеи. Затоа и кога работите ќе станат досадни, Стрелецот веднаш си заминува. Тој мрази рутини.
Ако имате партнер Стрелец, тогаш знаете дека тие се комплицирани, особено ако сте во сериозни води. Сепак, нема да ви биде тешко ако на Стрелецот му го дадете потребниот простор за да дојде до израз неговата личност. Дајте му слобода и ќе ја почувствувате сета негова љубов!