Познатата фолк пеачка за реприза на Нова година настапи во Будва пред голем број фанови
Светлана Цеца Ражнатовиќ втората вечер од Нова година настапи во Будва и направи атмосфера за паметење.
Таа се појави облечена во бело од глава до пети, со раскошна бела бунда од крзно која и стоеше прекрасно.
Но во еден момент кон пеачката пролета капа и шал, кои Цеца ги фати и му испрати бакнеж на нејзиниот фан.
Таа на крајот им се заблагодари на преубавата атмосфера.
„Ви благодарам за оваа голема љубов“, изјави таа.
Инаку, Цеца за Нова година настапи во еден хотел во Белград. Таа носеше сребрена тоалета со собрана коса и ги воодушеви сите со својот феноменален моден избор.
Публиката заедно со неа ги пееше нејзините најголеми хитови, а во првите редови седеше фудбалерот Огњен Врањеш.
Поранешниот љубовник на Карлеуша цело време се смешкаше и играше со своите пријатели додека ги слушаше нејзините песни. Цеца неодамна пееше на неговиот роденден во Атина, а изгледа дека проблематичниот фудбалер повторно беше воодушевен од ритамот на фолкерката.