Јелена Карлеуша објави големи вести
Познатата дива Јелена Карлеуша за време на својот настап испрати порака до својата колешка Наташа Беквалац.
Имено, познато е дека тие двете се многу добри пријателки, но и дека Наташа зад себе има три брака, па Карлеуша реши да се пошегува со неа.
„Сакам осум мажи да имам, осум години свадбата да ми трае“, напиша Карлеуша на Инстаграм и ја означи нејзината колешка.
Инаку, медиумите во текот на годината многупати пишуваа дека Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ се разведуваат. Затоа таа во емисијата „456 секунди со Саша Видиќ“ реши отворено да позборува на оваа тема. Имено, кога водителот и покажа слика од Душко и ја праша кој и е овој фраер, Карлеуша го даде следниот одговор:
„Е тоа е едно големо прашање. Можеби ќе ја тргне оваа капа на следната слика. Душко, убав е. Се уште ми е сопруг. Медиумите кажаа дека веќе сме разведени. Дури ни го поделија и имотот, ни доделија алиментација за децата… Но јас повеќе не можам да се борам со тоа“, призна тогаш пејачката која се најде во центарот на вниманието откако во јавноста испловија „пикантните“ фотографии и видеа кои наводно му ги испраќала на фудбалерот Огењен Врањеш.