Нова година, нови сили, нови надежи. Но, на некои хороскопски знаци нема да им биде толку лесно на финансиски план. Еве кои ќе почувствуваат криза во материјалниот статус.
Водолија
За вас важи: Помалку зборови – повеќе работа. Внимавајте да не пропуштите важен проект кој би ви носел добивки цела година.
Девица
Од страв од губење пари, Девиците нема да се осмелат да инвестираат и да започнат нов бизнис, иако нивните sвезди предвидуваат голем успех. Можни се и судски спорови.
Близнаци
Имајте на ум дека треба внимателно да планирате, во спротивно ќе доживеете финансиски колапс. Со евиденција за трошоците, ќе можете да идентификувате црни дупки во вашиот буџет и да спречите непотребни трошоци.
Стрелец
Стрелецот е способен за ненадејно и невнимателно купување. Купување на скап автомобил на кредит и потоа да се откажете од сите основни работи за пет години е типично за Стрелец.
Рак
Откажете се од мрзеливоста. Судбината ви е наклонета, но вие се кочите со тоа што ве мрзи да станете од кревет!