Имате пријатели Близнаци? Паа, покрај многуте позитивни карактеристики кои ве привлекуваат кај нив, треба да знаете дека тие многу често се и кукавици.
Во овој хороскопски знак се раѓаат личности во кои не можете да имате целосна доверба. Тие не се справуваат добро како шефови, затоа што не можат да донесуваат важни одлуки. Кога е потребно да се донесе некоја важна одлука, овие личности без совест ќе им го препуштат тоа на некој друг, така што тие во никој случај нема да бидат одговорни за какви било последици.
Тие се многу немирни по природа и за нив е типично да започнуваат повеќе работи одеднаш, а притоа половина и повеќе од нив остануваат незавршени. Ако имате пријатели родени во овој хороскопски знак, сигурно сте уверени дека тие многу зборуваат, при што честопати ве „вадат од кожа“. Неуредни се но тоа може да ви пречи само на вас, зашто Близнаците немаат проблем со тоа.