Го обожаваме стилот на некои наши дами
Кога не знаете што да облечете, изберете нешто црно, без разлика дали станува збор за обична журка, „афтерпарти“ или новогодишна забава, и зачинeте го вашето издание со еден пар ултра високи чизми над колена. Токму една таква комбинација неодамна „фураше“ и пејачката Теа Трајковска и мораме да признаеме дека изгледаше феноменално.
Познатата пејачка едноставно блескаше во романтичното мало црно фустанче кое го носеше со голем црн ремен и кожна јакна, а делото издание го заокружи со еден пар црни чизми со тенки високи потпетици кои се полн погодок и важат за еден од водечките трендови за оваа зима.
Со црната боја дефинитивно не можете да погрешите, посебно ако изберете мал црн фустан и го комбинирате со кожна рокерска јакна што исто така е безвременско парче. Високите чизми од кадифе, црвениот кармин и преубавата боб фризура исто така се одличен избор за едно вакво издание кое може да го носите во секоја пригода.
Во продолжение погледнете уште неколку шик комбинации во кои Теа изгледа прекрасно, но и неколку слични модели на чизмички од познатите брендови со кои би можеле и вие да изгледате опасно оваа зима.
Наши предлози
BALENCIAGA
BALENCIAGA
BOTTEGA VENETA
CHRISTIAN LOUBOUTIN
CHRISTIAN LOUBOUTIN
GIANVITO ROSSI
JENNIFER CHAMANDI
MIU MIU
SAINT LAURENT