Реклама
BEAUTYНега и здравје

Спречете го дебелеењето за време на празниците, со овој едноставен трик

Реклама

Многумина се дебелеат во текот на празниците, затоа што изборот на храна е голем, па тешко е да се контролираат. Но, изгледа дека постои начин како да го спречите наталожувањето на килограмите, барем така тврди едно ново истражување.

ФОТО: Unsplash

Истражувачите дошле до заклучок дека кофеинот може да го спречи дебелеењето и произведувањето холестерол, дури и кога јадеме намирници полни со масти и шеќери.Истражувачите дошле до овој податок откако 4 недели на група стаорци им давале храна која 40-45% се состоела од јаглехидрати, а 15% од протеини.

Покрај тоа, животните пиеле чај богат со фитохемикалии, флавоноиди и аминокиселини. Секогаш добивале од 65 до 130 милиграми кофеин преку чајот. На крајот од експериментот истражувачите заклучиле дека кај оние стаорци кои консумирале кофеин, количината на маснотии во организмот е помала и дека внесувањето ја намалува апсорпцијата на маснотии за 22%.

Маркетинг

Што се однесува до луѓето, научниците веруваат дека дебелеењето во текот на празниците може да се спречи со пиење 4 чаши кафе. Затоа, не избегнувајте го кафето во текот на овие прекрасни денови. Секако, имајте на ум дека не треба да претерате со каков било вид храна.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button