Никогаш немаме видено нешто вакво – очајна коала им се доближи на велосипедистите и им побара малку вода (видео)
Од превисоки температури една коала реши да им се доближи на велосипедистите и да прифати вода од нив.
Настанот се случи на југот од Австралија каде температурите неколку дена по ред преминуваат преку 40 степени Целзиусови.
Велосипедистите застанале кога ја виделе коалата како очајно стои на сред пат без страв и им се доближува како да сака да им побара вода.
Застанав со велосипедот и таа веднаш ми се доближи. И дадов да се напие вода од шишињата, а таа дури и се качи со мене на велосипедот. Досега никој од нас такво нешто нема видено“, вели Ана Хуслер за „7news.com.au“.
Инаку, веќе неколку недели по ред низ јужниот и источниот дел од Австралија беснеат пожари. Се претпоставува дека 30 проценти од коалите на подрачјето „New South Wales“ настрадаа заради големите пожари – некои беа зафатени од пламенот, а некои заради недостиг на храна и вода.
Бројни волонтери и здруженија се обидуваат да им помогнат на загрозените животни, а им помагаат и случајните минувачи. Бројни волонтери се обидуваат да им помогнат на загрозените животни, а им помагаат и случајните минувачи.