Јас сум жена, ноќе скришно плачам во бањата, а наутро со насмевка ги будам сите
Јас сум жена и врз моите плеќи носам огромен товар. Ноќе скришно плачам во бањата, за да не ги растажам моите најмили, а наутро повторно се будам насмеана и полна со енергија. На моите сакани им подарувам бескрајна љубов и се трудам да им го разубавам денот.
Иако сум преморена и нервозна од работа, јас сепак им нудам прегратка и утеха на моите најблиски. Понекогаш ми доаѓа да викам на цел глас, за да ми излезе лутината и негативните мисли, но сето тоа го закопувам длабоко во себе и не дозволувам да излезе на површина и другите да ја видат мојата тага.
Понекогаш посакувам мир од се’ она што ме опкружува, но сфаќам дека и еден час далеку од моето семејство ме прави тажна. Јас сум жена и херојски стојам исправено пред секој предизвик и не дозволувам ниту прав да падне врз моите блиски.
Јас сум жена и понекогаш солзите ми навираат без престан, но веднаш ги бришам и се свртувам кон сонцето, зашто знам дека секој нов ден раѓа нова надеж…