Ова девојче стана интернет сензација кога имаше само три недели заради своето намуртено лице.
Малата Луна Муса се прослави откако нејзините родители ја ангажираа фотографката Џастин Тух да ги забележи првите денови на нивната ќерка. Таа за The Post изјави дека ова било најинтересното фотографирање во нејзиниот живот, а фотографиите веднаш станаа хит на интернет..
Таткото на Луна, Кристијан, уверува дека нејзиниот израз на лицето не е дело на Фотошоп ниту пак глума.
Таа е намуртена од својот прв ден, изјави тој за „ABC News“.
Нејзиното лице веднаш стана вирално и фотографиите можете да ги најдете насекаде низ интернетот.
„Балдазата ми кажа дека една нејзина пациентка дошла во болницата и покажала фотографија од смешно бебе незнаејќи дека во прашање е нејзината внука,“ додаде таткото на ова преслатко бебенце, пишува Индекс.хр.