Чувствителни, нежни, грижливи, креативни, полни со страст, мирни, интуитивни… тоа се жените родени во знакот Рак. Во еден момент може да бидат многу тврдоглави, а веќе во наредниот да бидат попустливи. Имаат силна волја и истрајни се, но некогаш знаат да бидат и многу резервирани.
Тие имаат изразена чувствителност и туѓите потреби ги гледаат како свои. Нигде не се чувствуваат посигурно и поудобно, отколку во својот дом, а семејството за нив е најсветата работа. Сакаат мирен и стабилен семеен живот, а сигурноста и верноста им се најважни во љубовната врска.
Заводливи се и фантазираат, а во тоа и најмногу уживаат. Сакаат мажи кои во сексот ќе бидат доминантни и со кои ќе учат нови задоволства. Овие жени знаат искрено да сакаат, а бидејќи се многу чувствителни, исто така внимаваат да не ве повредат и вам.
Бидејќи оваа жена често знае да прави драми, со неа во вашиот дом честопати ќе гледате театарски претстави. Но, тоа е мала цена што треба да ја платите. Покрај неа ќе живеете како вистински господари, опкружени со највкусните јадења и удобноста и топлината на домот. Кон ваква жена ќе посака да трча секој маж, после напорниот работен ден.