Познатата старлета Станија Добројевиќ со својот атрактивен изглед го привлекува вниманието каде и да се појави.
Атрактивната старлета е мошне популарна и на социјалната мрежа Инстаграм каде секојдневно објавува провокативни фотографии со кои најмногу ги радува претставниците на посилниот пол меѓу нејзините бројни фанови.
Ниту еден маж не може да остане рамнодушен на тоа како изгледа Станија на своите фотографии, а во тоа можеме да се увериме и од бројните лајкови и коментари што ги добива на сметка на својот изглед.
Но овој пат таа дополнително ги изненади сите. Имено, Станија деновиве објави фотографија од нејзината мајка Славица.
И тоа не било каква туку фотографија на која нејзината мајка во шестата деценија од животот позира во бикини. „Мојата мајка Славица има 55 години. Ако на нејзини години изгледам како неа СУПЕР“, напиша Станија под фотографијата.
Сите беа воодушевени од тоа што и мајката и ќерката изгледаат феноменално, а сега е и повеќе од јасно од кого Станија ја има наследено својата убавина.