Во оние години сум кога не сакам лажни насмевки и прегратки, туку само неколку искрени личности до мене
Во оние години сум кога не сакам лажни насмевки, прегратки, бакнувања, дружења… Изморена сум од сите тие преправања. Сакам малку мир, опкружена со оние што ми значат.
Животот е премногу краток за да го трошиме на лажни пријателства кои ни ја црпат енергијата. Важно е само да имаме неколку искрени личности до себе и тоа е се’. Во миговите кога ќе ни биде тешко и кога ќе ни треба рамо за плачење, лажните пријателства ќе исчезнат како капка роса. Тогаш ќе ги нема прегрнувањата и бакнежите, туку ќе остане само споменот за нив.
Сега сум во оние години кога ја сфаќам вредноста на животот. Сфаќам дека најважно е да го живееме овој миг, да се трудиме да бидеме што подобри личности и што подалеку да бидеме од осудувањата. Како што минуваат годините, самите си создаваме удобна атмосфера и топол дом. Сето она што е надвор од нашиот круг е помалку важно.
Јас сум во оние години кога одлучувам животот да го живеам СО ПОЛНА ПАРЕА!