На кого ви личи малиот Бали-бег – на убавата мама или на згодниот турски заводник?
Турскиот актер Бурак Озџивит кој се прослави со улогата на Бали бег во хит серијата „Сулејман Величествениот“ неодамна се оствари во улога на родител.
Имено, тој и неговата сопруга Фахрије Евџен (32) со која се ожени во 2017 година, на почетокот од пролетта оваа година го добија синот Каран.
Фахрије и Бурак Озџивит (34) се обидуваат приватниот живот да го одвојат од јавноста и зачуваат само за себе, но очигледно дека тоа е невозможно заради нивната преголема популарност како во Турција, така и многу пошироко. Тие важат и за еден од омилените парови, па затоа наместо да се кријат и да им бегаат на папараците, решија дел од интимата сами да ја споделуваат преку своите профили на социјалните мрежи.
Од тие причини и на малиот Каран му направија налог на Инстаграм уше пред да се роди и за само месец дена добија 100.000 нови следбеници.
Тогаш многумина го осудија Бали-бег заради овој чекор сомневајќи се дека го прави од маркетинг причини, а Бурак објасни дека профилот го отвориле сакајќи да го заштитат неговото име од лажни профили.
Но тие на овој профил на Инстаграм досега немаат објавено ниту една фотографија, а јавноста до скоро не знаеше како изгледа нивниот наследник.
Затоа кога Фахрије ја објави фотографијата на која што е со синот, за кратко време доби преку два милиони лајкови и безброј коментари.
„Каран, мојот вселенски капетан“, порача мајката. По ова веднаш започна расправата на кого повеќе личи малиот – на згодниот тато или на убавата мама?
Што мислите вие?