Добрите луѓе честопати се сами и тажни затоа што се обидуваат да им угодат на другите
Добрите луѓе секогаш се трудат да им угодат и да им помогнат на другите. Секако, ова е во ред, но до одредени граници.
За жал, многу луѓе го искористуваат тоа. Важно е овие луѓе да продолжат да им помагаат на другите, но сепак, да го изразуваат своето мислење и да имаат цврст став, да се држат до своите идеи и да очекуваат почит за возврат.
Љубезните луѓе честопати може да ја преминат тенката линија од помагањето и сожалувањето на другите. Тие не треба да живеат живот за другите, па поради своите другари да се селат од едно во друго место, да го слушаат партнерот без да имаат свој став, да излегуваат сред ноќ за да ги задоволат пријателите…
Постои погрешна причина поради која некој сака да биде добар, а тоа е да му се допадне на некој друг и да биде прифатен. Тоа на крај го прави човек несреќен. Во таквите моменти ништо нема да добиете за возврат и ќе бидете разочарани и оставени во празнина. Доколку правите добро, тоа треба да биде во прифатливи граници, без да се изгубите себеси…