Не постои човек кој никогаш не згрешил. Сите понекогаш правиме грешки, но важно е да се покаеме и истите да ги прифатиме.
Но, многумина се научени никогаш да не го преземаат товарот на своите плеќи, туку секогаш го префрлаат на туѓите рамења. Зошто е тоа така? Зошто постојано вината ја бараме во другите? Зар ние никогаш не грешиме? Зар ние сме совршени?
Ако научиме да ги прифатиме последиците кои произлегуваат од одредена ситуација, а притоа да останеме смирени и присебни, тогаш сме направиле голем чекор во нашиот живот. Најважно е да знаеме да се носиме со одговорноста на нашите постапки, да признаеме кога ќе направиме нешто надвор од зацртаната патека, па потоа да научиме лекција која ќе ни служи во понатамошниот живот.
Кукавички е да ја префрламе вината на оние кои се послаби или понаивни од нас, а со тоа да се гордееме и да го зголемуваме своето его. Тогаш се негираме себеси и нашето постоење.