Погледнете како изгледа новиот стан на Роналдо во Лисабон вреден 400 МИЛИОНИ денари
Кристијано Роналдо (34) купи нов стан од седум милиони евра
Во прашање е стан која се наоѓа на адресата „Castilho 203“ во квартот Аведина де Либердате во Лисабон, а како што пренесуваат медиумите, досега никој не платил толку голема сума за станче во овој град, па ни во цела Португалија. За да го добие овој фасцинантен стан кој има 300 метри квадратни, требаше да се натпреварува на лицитација со уште двајца милионери и да победи.
Роналдо во новата резиденција има голема теретана која личи на аптека и базен на врвот од зградата бидејќи станот му е пентхаус на врвот Кастила.
Во станот има и сауна и три големи спални соби во кои фудбалерот ќе ужива со својата убава сопруга Џеорџина и нивните четири деца, од кои две се близнаци.
Новиот стан се наоѓа во близина на Паркот Едвард Седми а тоа е блиску до квартот во кој како играч на Спортинг од Лисабон го помина детството.
Инаку Кристијано Роналдо има 34 години, а пред година и пол Јувентус за него на мадридскиот Реал Мадрид плати неверојатни 117 милиони евра.
Се проценува дека Португалецот тежи околу половина милијарда евра. Само минатата година заработи 150 милиони.