Болеста долго време ја криеше од своите фанови
Небехат Чехре која нашата публика ја запозна како мајката султанка во „Сулејман Величествениот“ важи за една од најубавите турски актерки. Таа и покрај годините води сметка за својот изглед и здравјето, но како што пренесуваат турските медиум, страда од болест за која нема лек.
Имено, таа боледува од Алцхајмер и заради тоа потполно се променила. Таа реши да замина на годишен одмор, а на социјалните мрежи објави фотографија од која можеме да видиме како изгледа сега.
Нејзините фанови ја пофалија како изгледа и многумина заклучија дека никогаш не би претпоставиле дека познатата актерка боледува од тешка болест.
Што е Алцхајмерова болест?
Алцхајмеровата болест е прогресивна, фатална болест на мозокот која се карактеризира со губење на меморијата, говор и способност за размислување, како и промени во расположението и однесувањето.
Сепак, биолошките промени во мозокот може да се појават дури децении пред да се појават првите симптоми. Во доцните фази на болеста, луѓето честопати не се во состојба да комуницираат и комплетно се зависни од други лица дури и при едноставни секојдневни задачи.
Ширум светот 46,8 милиони лица живеат со деменција, додека 9,9 милиони лица се новодијагностицираат со деменција секоја година. Алцхајмеровата болест меѓу другото е и најчеста причина за деменција. За жел се уште не постои лек, и ова претставува еден од најголемите предизвици на јавното здравје во денешно време.
Според светската статистика во нашата земја би требало да има околу 20 илјади заболени од Алцхајмерова болест, а само 20 проценти се дијагностицирани и третирани.
Се очекува дека до 2050 година, повеќе од 130 милиони лица ширум светот ќе имаат деменција.