Познатата хрватска старлета Ава Карабатиќ која се прослави со учеството во регионалните ријалити програми се појави на еден сајт за придружба.
Имано, на сајтот на кој се изнајмуваат девојки за деловна придружба пишува дека Ава е позната личност на Балканот која завршила Филозофски факултет. Исто така пишува дека не се занимава со најстариот занает, односно дека не нуди непристојни услуги, но сака богати и моќни мажи.
Но некој за да биде со неа мора да плати 2000 евра, додека цел ден помина со неа во спа центар чини 4000 евра.
Оние што сакаат да ја изнајмат за два дена добиваат и попуст – имено, два дена поминати со Карабатиќ чини 6000 евра, пренесе Курир.рс.
Инаку, Ава неодамна се најде во центарот на вниманието кога познатиот британски таблоид „Сан“ објави дека сака да стане претседателка на Хрватска.
„Поранешната Плејбој зајачица тргна во трка за претседател и тоа со фотографија на која е топлес. Таа изјави дека не може повеќе да гледа како во нејзината држава се случуваат лоши работи, тоа што младите заминуваат, а наталитетот е во опаѓање. Ава се залага за легализација на проституција, марихуана, решавање на проблемот на слободното движење на луѓето, воведување сексуално образование во училиштата, забрана на абортус по шестата недела од бременоста, заштита на животните“, објави неодамна познатиот таблоид.