И покрај тоа што постојат митови дека овој дезен постојано се враќа во мода, вистината е дека тој никогаш и не си заминал од модната сцена и секогаш е ИН.
Карираните дезени се еден од најпопуларните трендови во целиот свет, посебно во пресрет на новогодишната празнична еуфорија кога е одлично време во него да заблескате како познатите светски инфлуенсерки и манекенки.
Тоа многу добро го знае и Антониа Гиговска која важи за една од најдотераните млади девојки кај нас.
Таа неодамна за еден свој настап имаше посебен стајлинг – носеше кратко здолниште и сако со крупен, кариран дезен во боите на празниците што се пред нас.
Високите чизми над колена и тоа што под предимензионираното сако не носеше ништо освен боди му даде посебен шмек на целото издание со кое Гиговска ни докажа дека во прашање е безвременски дезен.