Нека ја разгалат Цеца и Вељко – еве што вели мајката на Богдана за нејзината бременост
Мајката на Богдана ја прокоментира и нејзината свадба
Мајката на Богдана, Данијела Родиќ, неодамна во едно интервју изјави дека е пресреќна што нејзината ќерка и Вељко наскоро ќе добијат дете, а таа ќе стане баба. Таа изјави дека е задоволна од тоа како поминала нивната свадба, а одговори и на прашањето дали нејзината ќерка е разгалена и дали и дозволила да прави се во животот.
„Што се однесува до бебето, само нека е живо и здраво, мене никогаш не ми било важно дали е момче или девојче. Сите кои имаат внуци велат дека тоа е посебно чувство, но веројатно имаат повеќе време да им посветат отколку што ќе можам јас“, вели Данијела во нејзиното интервју.
„Немам што да ја советувам, таа се чувствува убаво, нема никакви проблеми со бременоста, јас не ја разгалувам. Нека ја разгалат Цеца и Вељко. Јас не сум разгалена, па нема ни неа така да ја воспитувам. Има сопруг па нека и оди по ќеифот“, вели Данијела за таблоидот „Свет“.