Овој бренд го обожаваат и многу Македонки
Јелена Розга обожава да носи парчиња од познатиот скандинавски бренд Џани кој е голем хит во целиот свет. Таа во своите плакари има завидна колекција од познатата модна куќа која ја обожаваат и многу Македонки, а тоа можеме да го видиме и од нејзините Инстаграм фотографии.
Имено, деновиве можевме да забележиме дека хрватската џебна Венера во своите плакари има ново шик здолниште.
Во прашање е кафеава миди сукња на преклоп со интересен дезен чија цена во продавниците на Џани е нешто над 200 евра.
Пејачката ова шик здолниште го склоп со бела плетена веста со пуф ракави, високи кафеави чизми и скапоцена бела чанта од Гучи која чини повеќе од 1500 евра.
Покрај овој модел, Розга во своите плакари има уште неколку интересни фустани и здолништа со потписот на овој познат моден бренд што го обожаваат и славните дами како Пипа Мидлтон, Џесика Алба, Маргот Роби и Селена Гомез. Некои од нив можете да погледнете во продолжение.