Поранешниот на Цеца и Наташа Беквалац стана татко
Манекенот кој порано беше свршен со Наташа Беквалац, Владимир Вуксановиќ (31), се оствари во улога на татко.
Тој и неговата убава Латиноамериканка Дахијана добија ќерка на која решија да и го дадат името Валентина.
Владимир и преубавата Доминиканка по година и пол врска решија да запловат во брачните води и сега се остварија во улога на родители.

Тие се венчаа во октомври оваа година.
Манекенот кој се прослави со учество во шоуто „Сурвајвер“ покрај тоа што беше верен со Наташа Беквалац беше кратко и во врска со Цеца Ражнатовиќ и со години важеше за еден од најголемите заводници во регионот.

Имено Валентина во моментов е едно од најпопуларните во Италија, Шпанија, Каталонија и Јужна Америка.

Ова име исто така е мошне популарно и меѓу словенските народи, посебно во Русија.

Останува уште да видиме дали и познатите пејачки со кои беше во врска ќе му честитаат на приновата.