Реклама
CelebrityFashion

Новата Мис Универзум го воолдушеви светот: „Жените како мене никогаш не ги сметале за убави“

Реклама

Мис Универзум е една од најпочитуваните манифестации, а синоќешниот избор влезе во историјата.

За прв пат титулата за најубава девојка замина во рацете на девојка од Африка, Зозибини Тунзи (26).

Маркетинг

Зозбини има високо образование на студии за односи со јавноста и е добро познат активист за родова еднаквост во нејзината земја. Таа ги користи социјалните мрежи како платформа за развој на размислување против дискриминација и е застапник за природна убавина и ги охрабрува жените да бидат природни и кои се тие.

Маркетинг

– Таа сака да ја смени приказната за родовите стереотипи. Таа е горда поборник за природна убавина и ги охрабрува жените да се сакаат себеси онака како што се – пишува во својата биографија.

 

Од другите девојки се разликува по нејзината фризура. Исто така е исклучително популарна на социјалните мрежи и ја следат повеќе од 700.000 луѓе на Инстаграм. – Пораснав во свет каде една жена што личи на мене, со мојата боја на кожа и мојата коса, никогаш не се сметала за убава. Мислам дека е време да ги премостиме овие  стереотипи. Мислам дека сме најмоќното битие на светот и треба да им се даде секоја можност. “, рече Тунзи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button