Реклама
Наши ѕвезди

Нема да ви се верува колку чини капутот на Ана Камчева

Реклама

Нема да коментираме за судењето, туку за стилот на еден од главните сведоци во судењето во кое првообвинет е Бојан Јовановски попознат како Боки 13.

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, на судењето за случајот Рекет се појави во улога на сведок. Таа дојде облечена во црни панталoни, сако и бела кошула преку кои носеше парче гардероба со кое ја „засени“ целата приказна заради која се појави во судницата.

Маркетинг

Имано, таа носеше преубав капут во бела боја, со впечатливи раменици и дебел ремен, а како изгледаше погледнете во видеото во продолжение.

Маркетинг

За ова впечатлив издание убавата сопруга на Орце Камчев најверојатно потрошила околу 3500 евра колку што чини оригиналната верзија на едно вакво дизајнерско парче од познатиот дизајнерски моден бренд.

Имено, не сме баш 100 отсто сигурни дека во прашање е модел од познатата модна куќа Сен Лорен кој на страната не „Нет-а-портер“ може да се најде за оваа сума.

Но ако добро ги погледнете фотографите и видеото ќе забележите дека нема ниту една разлика меѓу моделот од Сен Лорен и оној што го носи Камчева.

Како и да е, мораме да признаеме дека Камчева на судењето се појави во дамско издание за кое уште долго време ќе се зборува, впрочем како и за нејзините изјави што ги даваше како одговори на прашањата на Боки.

Фото: Нет-а-портер, Принтскрин (јутјуб)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button