Пред спиење, помолете се на Господ, за да имате мирен сон.
Господи, не оставај ме. Господи, не воведувај ме во искушение. Господи, дај ми мисла добра. Господи, дај ми солзи и сеќавање на смртта и умиление. Господи, дај ми помисла за исповедање на гревовите мои. Господи, дај ми смирение, целомудрие и послушание.
Господи, дај ми трпение, великодушност и кроткост. Господи, всади го во мене коренот на добрината, и на стравот Твој во срцето мое. Господи, удостој ме да Те љубам со сета моја душа и мисла, и во с¢ да ја творам волјата Твоја. Господи, заштити ме од некои луѓе, и бесови, и страсти, и од секое друго недолично нешто. Господи, знам дека чиниш како што благоволиш; нека биде волјата Твоја и во мене грешниот, зашто Си благословен навек.
Амин!