Ако не сте подготвени да слушнете шега на своја сметка, не продолжувајте да читате. Еве кои се најиритирачките карактеристики на хороскопските знаци.
Овен
Импулсивен, лут ѕвер. Своите рогови ги насочуваат само кон своите цели.
Бик
Опсесивен колекционер. Биковите се бавни, тврдоглави и мрзливи материјалисти, со дебели вратови и тешки нозе.
Близнаци
Плитки личности кои зборуваат во празно. Честопати се чини дека тие имаат што да кажат, но во најдобар случај имаат само празно знаење за она што го зборуваат.
Рак
Мали плачковци. Нивната пречувствителност ги спречува другите луѓе да бидат искрени кон нив, затоа што се плашат од нивните емоции.
Лав
Големи егоисти кои се презафатени тупкајќи го својот грб. Имаат голема желба за пофалби, но честопати се несигурни во себе.
Девица
Напнати поединци кои го контролираат секој детаљ од својот живот, затоа што мразат спонтаност или каква било промена во дневната рутина.
Вага
Лицемер кој се обидува да ги задоволи сите. Поради желбата на Вагата да биде прифатена и сакана, ретко е во состојба да донесе рационална одлука.
Скорпија
Перверзни личности. Познати се како сексуален знак, но нивната вродена сексуалност има мала врска со задоволството, а повеќе е поврзана како недостаток на каква била способност да ги контролираат своите импулси.
Стрелец
Иритантни трагачи по внимание. Не залажувајте се со она што ви го зборуваат Стрелците. Тие честопати се празни во себе.
Јарец
Најдосадниот знак, ладен, бесчувствителен, безобразен. Ако немате пари и ако не сте на пат кон победа – тогаш за нив речиси и да не постоите.
Водолија
Овца во волчја кожа. Иако изгледаат ексцентрични, чудни или оригинални, дефинитивно и самите се свесни дека не се толку посебни.
Риби
Сентиментални и изгубени. Тие поголемиот дел од животот го поминуваат без некоја јасна смисла.