Доаѓа најубавиот период во годината, време за подароци, уживања во семејните собири и собири со луѓето кои ни се важни.
Во пресрет на празниците, ви прикажуваме неколку интересни факти кои најверојатно не ви се познати.
Секоја година во светот за време на празниците се испраќаат преку 7 милијарди честитки, иако денес се праќаат уште повеќе СМС пораки. Проценето е дека 14.700 луѓе секој ноември и декември посетуваат болница поради несреќни поврзани со празничните декорации.
Средината на декември е еден од двата најпопуларни период за прекинување на врските.
Според податоците анализирани од Фејсбук објавите и статусите, паровите најчесто раскинуваат две седмици пред крајот на година и две седмици после свети Валентин.
Најпознатата празнична песна „Jingle Bells“ е напишана за американскиот Ден на благодарноста.
Легендарната англиска група „The Beatles“ имала најмногу божиќни песни на прво место на листата.
Украсните ламбички најпрво биле многу скапи, па често се изнајмувале, наместо да се купуваат.
Ликот на Дедо Мраз се темели на вистинска личност, Свети Никола, кој живеел во четвртиот век.