Поради ова, ви предлагаме 4 модерни фризури кои ќе ве направат помлади и попривлечни.
За жените кои го прославија својот 50-ти роденден, експертите за фризури советуваат носење кратка коса и тоа од две причини: новиот имиџ им дава повеќе самодоверба на жените, а и женската коса се истенчува со хормонските промени кои доаѓаат со годините, и косата многу поубаво изгледа кога е свежо обликувана.
1. Долг боб
Ако сте тип жена која сака долга коса, но годините тоа не ѝ го дозволуваат, ви предложуваме да се одлучите за долг боб.
https://www.instagram.com/p/B5cjRF3guKY/?utm_source=ig_embed
2. Меки локни
Воспоставете совршена контрола над својата коса и секој прамен претворете го во меки локни. Косата која е во степенаст облик до рамената, може лесно да се витка и да го ублажи кој било лик на лицето. Дали ќе се одлучите за виткање со фигаро, преса или витлери – изборот е ваш!
https://www.instagram.com/p/B4GLgm9lxdK/?utm_source=ig_embed
3. Шишки
Долгите, рамни шишки може добро да ги маскираат брчките на челото. Затоа, на жените во зрели години најмногу им одговара долг боб кој го пратат рамни шишки кои се спуштаат до коренот на носот.
https://www.instagram.com/p/B0OIJYdl7pD/?utm_source=ig_embed
4. Степенасто шишана коса
Доколку имате густа и тешка коса, ви предлагаме степенасто шишање кое може да го изведат само добро обучени фризери. Овој облик ги ублажува брчките на лицето и делува помладувачки.
https://www.instagram.com/p/B5ayzzrAxjq/?utm_source=ig_embed