Комбинација која ни го привлече вниманието
За свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ веќе цела недела се зборува во целиот регион. На гламурозната церемонија присуствуваа бројни гости, а можеби една од најважните која во животот на Вељко има многу важна улога, беше и родената сестра на Цеца, Лидија Оцокољиќ.
Таа помина незабележано покрај младенците и бројните познати гости, но мораме да признаеме дека изгледаше прекрасно. Имено, таа со нејзиниот сопруг и децата во хотелот пристигна во преубав црвен фустан, а целото издание го заокружи со бела бунда.
Инаку, интересно е и тоа што Лидија исто како и невестата на Вељко ја својата свадба ја носеше венчаницата на Цеца.
Таа е многу блиска со Вељко и неговата сестра Анастасија, па затоа беше и една од највеселите на свадбата.
Погледнете како таа изгледаше на овој настан.