И покрај тоа што е во кавга со Цеца, Аца Лукас на свадбата се појави со најдебелото плико – еве колку пари одвои за Вељко и Богдана
Познатиот пејач реши да го одврзе кесето за разлика од некои негови колеги кои како да имале змија во џебот, пишуваат медиумите
Пејачот Аца Лукас беше еден од гостите на свадбата на која неговата колешка Светлана Цеца Ражнатовиќ го женеше синот. Тие иако не се баш во најдобри односи, како што пренесуваат српските медиуми, пејачот го донел „најбабачкото“ плико на свадбата. Имено, тој младоженецот и невестата ги почести со 2000 евра, а добро ги „поткрепи“ и музичарите кои цело време ги лепеше со бакшиш, а на Џани му направи дури и елка од пари, пишува порталот Курир.рс.
Тој иако не се чувствувал убаво и бил болен, максимално се трудеше да изгледа весело на свадбата, и успеа во тоа.
Инаку, се шушка дека Вељко и Богдана од свадбата заработиле повеќе од 100.000 евра, а според некои дури и 300.000.