Погледнете како изгледа сопругата на Златан Ибрахимовиќ – 11 години е постара од него, а приказната како се вљубиле е хит
Важат за совршен пар и покрај големата разлика во годините
И додека се уште не е познато за кој фудбалски клуб ќе заигра легендарниот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, веќе сите знаат дека во неговата одлука голема улога ќе одигра и неговата 11 години постара сопруга Хелена Сегер.
Имено, со години наназад поранешната шведска манекенка, а денес маркетинг консултант, Хелена Сегер, има голема улога, а можеби и најважна во животот на еден од најпознатите фудбалери на светот.
Ибрахимовиќ никаде не оди без неа, а кога ќе го прашаат да прокоментира некоја друга жена, тој секогаш ќе каже: „Како тоа мислите друга жена. Јас сакам само една жена!“
Фудбалерот со Швеѓанката има два сина Максимилијан и Винсент. Тие се запознале кога Златан имал 21 години, а таа 32. Кога прв пат се сретнале, тој со своето Ферари го заградил нејзиниот Мерцедес, а како што таа вели, тогаш го забележала само неговиот носи и златниот часовник на раката.
„Бев лошо расположена и му се развикав. Мислам дека тоа му се допадна“, изјави Хелена во едно од нејзините ретки интервјуа дадени за медиумите.
Таа има 49 години и се уште изгледа фантастично, иако не троши премногу време на изгледот. за неа се зборува дека е опасна во бизнисот, а факт е дека и на нејзиниот сопруг му помогна многу во кариерата.
Фудбалерот и поранешната манекенка заедно се 14 години, а плодови на нивната врска се нивните два сина.