Покрај пријателите во животот, кои ни го прават поубав, постојат и непријатели кои честопати не’ полнат со негативна енергија и не’ спречуваат да уживаме во убавите моменти кои ни ги нуди животот. Но, за да си пронајдете мир вие самите, помолете се со оваа молитва за непријателите, после која ќе се чувствувате посмирено и поспокојно.
Господи, дај им милост на сите што ме навредуваат, хулат, мразат или ми прават нешто друго. Бидејќи Ти, Господи, знаеш дека и нив лукавнот ѓавол ги насочува кон злоба и распуштеност, како што и мене секој ден ми прави, па така го огорчувам Твоето божествено име.
Те молам, Оче Седржителу, Боже и Господе на милоста, посети ги во милост сите кои се co зло настроени кон мене и направи ги светилници и големи светители. Направи ги добри, Господи мој, скроти ги, смири ги, Владико мој, просветли ги и на вечната Твоја слава удостој ги, како благ и човекољубив!
Амин!