Најмалку тројца загинати од силниот земјотрес и стотици повредени – погледнете ги фотографиите и видеата од ужасот во Албанија
Скопје повторно се тресеше, а во Албанија има и жртви
Откако во раните утрински часови, во 3 часот и 54 минути, граѓаните ги разбуди силен земјотрес, околу 7 часот и 10 минути повторно се почувствува тресење.
Имено, првиот кој се почувствува во Скопје беше со магнитуда од 6.4 степени според Рихтер и се случи во Албанија. Епицентарот беше во близина на Драч и местото Рушкул, на 164 километри западно од Скопје.
Потоа во 7.10 минути се почувствува уше еден земјотрес, но со многу помала магнитуда.
Инаку, од албанскиот крајбрежен град Драч пристигаат и првите информации дека има голем број повредени и големи материјални штети.
Овој град беше најмногу погоден од земјотресот што во раните утрински часови беше почувствуван и во околните држави Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Италија, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Како што пренесуваат албанските медиуми, стотици повредени од земјотресот се сместени во болниците во Тирана и Драч.
Медиумите пренесуваат и за целосно срушени згради во местото Каваје кој се наоѓа близина на Драч.
Во урната зграда во Драч има заглавено најмалку десет лица, кои спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат.
Има и жртви
Од под урнатините на станбена зграда во Туман, кај Фуш Круја, извлечено е тело на една п0возрасна жена, која успеала со своите прегратки да го заштити своето внуче.
Спасувачките екипи го извлекле детето и тоа е во добра здравствена состојба.
По првиот потрес кој се случи во 3:56 часот, со епицентар во близина на Драч, и кој имаше јачина од 6,4 степени според Рихтер, забележани се уште најмалку 15 потреси, но со изразито помала јачина.
#Live from #Tirana, #Albania after a powerful #earthquake.
© JOQ Albania pic.twitter.com/jjzzSzCj8l— Xhildinho Z (@xhildinho) November 26, 2019
Powerful #earthquake with a magnitude of 6.4 hit #Albania at 3:54am causing several buildings to collapse. pic.twitter.com/jG7Im62RbK
— IntoAlbania (@intoalbania) November 26, 2019
Бројни жители на Албанија во паника ги напуштија своите домови, а многумина пријавија дека земјотресот направил пукнатини во нивните куќи.
Граѓаните на Тирана се уште се излезени на улиците, некои со своите бебиња во рацете.
Во главниот град наводно има 50 повредени.