Овие жени знаат што сакаат, тие се остроумни и ги забележуваат и најситните детали. Самостојни се и не им треба некоја заштитничка улога во животот. Погодувате ли дека станува збор за жените Скорпии?
Жената Скорпија е полна со страст за сите работи што ги прави. Кога ќе се вљуби во некого, таа ќе даде сѐ од себе за да го направи саканиот среќен. Но, доколку некој им згреши нешто, веднаш ќе почувствува на своја кожа зошто не е паметно да си поигрува со Скорпиите.
Овие жени се стабилни и од се’ најважна им е верноста. Нејзе секогаш можете да ѝ верувате, а треба да знаете и дека од нив ќе слушнете мудри совети. Кога ќе го пронајдат идеалниот партнер, тие се вљубуваат длабоко и искрено. Сакаат да им угодуваат на саканите, особено во кревет. Сексот е многу важен дел од животот на Скорпиите. Нивната посветеност гарантира незаборавни моменти преполни со страст и задоволство.