Мистериозен човек на улица дели пликоа полни со пари – полицијата го бара и под дрво и под камен
Британската полиција е во потрага по мистериозен човек кој остава пликоа полни со пари во една градска улица во малото место Блекхол Колери кое се наоѓа на северот од земјата.
Ова непознато лице пликоа со пари остава од 2014 година. На почетокот од оваа недела беше пронајдено плико со 2000 фунти. Тоа е четвртото плико од почетокот на оваа година, а тринаесетто по ред за овие пет години.
„Ги поздравуваме сите информации кои ќе ни помогнат да го расветлиме овој случај. Можеби сето ова е дело на некој филантроп“, изјави детективот Џон Фостер и додаде дека им е благодарен на граѓаните кои ги пронашле и пријавиле парите во полиција. Случајот се уште преставува мистерија, а и покрај тоа што од парите успеале да земат отпечатоци од прстите, идентитетот на сопственикот на парите не е познат.
Парите остануваат во полициската станица две недели и доколку до тогаш не се појави сопственикот, ќе бидат дадени на оној што ги нашол.