Неверојатна сличност
Ќерката на славната убавица Жизел Бундшен неверојатно си личи на неа кога таа била на нејзините години.
Познатата бразилска манекенка на Инстаграм покажа како изгледа нејзината седумгодишна ќеркичка Вивиен, а од фотографиите што ги објави нејзините фанови се согласни дека сличноста меѓу нив е неверојатна.
https://www.instagram.com/p/B5A1Jj5AvdZ/?utm_source=ig_embed
Имено, на фотографијата малата Вивиен изгледа како копија на својата мајка на тие години.
„Што мислите, дали јас и моето девојче си личиме?“ – ги праша своите фанови Жизел, а сите се согласни дека се речиси идентични.
Покрај седумгодишната Вивиен, Жизел од бракот со Том Брејди го има и синот Бенџамин (9), а заедно се веќе 10 години.
Том има и 12-годишен син од претходна врска.
https://www.instagram.com/p/ByaarASA3kl/?utm_source=ig_embed