Останаа уште само неколку дена до свадбата на синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ.
Подготовките се во тек, а неговата сестра Анастасија, која важи за една од најубаво облечените личности на естрадата, чиј стил го следат многу девојки, конечно донесе одлука што ќе носи на денот на свадбата.
Како што објавија медиумите, Анастасија во првиот дел од свадбата планира да носи костум, а потоа да се пресоблече во фустан.За разлика од неа, невестата ќе носи три венчаници – во црквата ќе ја носи венчаницата во која се омажи нејзината свекрва цеца, потоа за градската венчавка ќе носи друга венчаница, како и трета за прославата.
https://www.instagram.com/p/BvzzptnHvK0/?utm_source=ig_embed
Една од нив ќе биде украсена со три илјади кристали и сите се нестрпливи да видат како ќе изгледа невестата.