Оваа девојка се прослави уште од најраното детство
Таа беше прогласена за најубавото девојче на светот, а нејзините преубави фотографии се уште се вирални на социјалните мрежи.
Кога Тајлен Блонду прв пат се појавија на интернет нејзините фотографии преку ноќ го заобиколија светот.
Медиумите од цел свет ја прогласуваа за најубавото девојче на светот, а како таа изгледа денес, откако поминаа 10 и повее години, погледнете во продолжение.
Имено, убавата Французинка оваа година го прослави својот 18 роденден, а светот се уште се воодушевува на нејзината убавина.
Таа на модните писти прв пат зачекори кога имаше само четири години и од тогаш се иа појавено на бројни модни ревии. На својот профил на Инстаграм има повеќе од три милиони фанови од целиот свет кои секојдневно се воодушевуваат на нејзините фотографии.
Манекенката редовно објавува фотографии од своето секојдневие на својот профил на социјалните мрежи, но тука се и оние со малку попровокативна содржина кои никого не оставаат рамнодушен.
Кога имаше само десет години, таа се појави на насловна на Вог, но тогаш многумина ги критикуваа нејзините родители и уредниците на популарниот магазин дека фотографиите се претерано вулгарни и предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи.
Но нејзините родители, познатата француска водителка Вероника Лаубри и фудбалерот Патрик Блонду, тоа не ги поколеба. Тие продолжија да ја поддржуваат и да и помагаат во нејзината кариера, така што Тајлен денес е една од најпознатите манекенки.