Пријовиќ нема проблем да зборува за пластичните операции, за разлика од Лепа Брена која своите ги крие како змија нозете
Последната изјава на Александра Пријовиќ која се однесува за нејзиниот приватен живот предизвика големо внимание во јавноста.
Имено, таа призна дека нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ не доаѓа на нејзините настапи и дека нејзе воопшто не и пречи таквата негова одлука.
„Филип не доаѓа да ме гледа како пеам. Можеби некогаш ќе се појави, да види како звучам со бендот, но инаку нема потреба. Тоа е негова одлука, на крајот на краиштата“, изјави убавата пејачка, а потоа коментираше и за нејзиното бебенце.
„Александар е добар, му растат запчињата. Тоа го боли, но инаку е добро. Почна да се подига, сака да оди, но се уште е мал за тоа“, изјави Пријовиќ.
Инаку Пријовиќ и неодамна го привлече вниманието со детали од својот приватен живот.
Имено, на прашањето дали се плаши дека можеби еден ден нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ ќе ја остави, Пријовиќ најпрво излажа пред камерите, за да веднаш се поправи и признае дека не била искрена.
„Јас не се сомневам во него, но повторно ќе кажам, никогаш не се знае во животот. Како секој што сака некого, и јас исто не би сакала да останам без него“ – наведе пејачката тогаш за време на полиграфското испрашување.
Познатата пејачка тогаш реши да си ја отвори душата и призна дека нејзината мајка се откажала од сé во животот само таа да биде она што е денес, но и призна дека досега има направено четири естетски корекции.
Таа реши отворено да зборува и да не крие од јавноста за своите интервенции, за разлика од многу нејзини колешки кои никогаш не зборуваат на оваа тема.
Имено, и нејзината свекрва Лепа Брена никогаш досега не признала дека има направено интервенција.
А како таа изгледаше порано, на почетокот од својата кариера, можете да видите во продолжени и сами да заклучите дали познатата пејачка е 100 % природна.