Црногорската старлета Сораја Вучелиќ (34) е позната по раскошни гради и разголени фотографии, а таа честопати може да се пофали со луксузна облека и додатоци на социјалните медиуми.
Така, во една прилика, таа се пофали со чизми од 5 илјади евра, а честопати се појавуваше во издание во тесна облека во која ги истакнува своите адути.
Сега таа ги изненад своите фанови со новата фотографија на која таа беше закошчана до грлото. Сораја не се гледа често во вакви изданија, меѓутоа, поминаа постудени денови и старлетата носи дебел капут. За да не остане се скриено,таа ги покажа своите долги нозе во првите редови.
Така, таа носеше мини здолниште под палтото, а комбинацијата ја зачини со розови чевли.Фотографијата бргу привлече скоро 5.000 лајкови, а нејзините следбеници и фанови ја почестија со коментари.
Таа се појави за прв пат во реалното шоу „Големиот брат“ во 2011 година. Сега таа заработува пари од појавување во места и клубови. Во изминатите неколку години, старлетата го промени својот изглед. Таа, наводно, имала осум козметички операции и прво вградила силикони во градите во 2010 година.