Реклама
Хороскоп

Се случи ново чудо во Острог за кое сите зборуваат – уште една неверојатна приказна од манастирот

Реклама

Кога прв пат ќе стигнете на Острог е бидете изненадени што сите зборуваат како светецот се уште да е жив.

Имено, доколку поразговарате со верниците што се дојдени во манастирот ќе забележите дека сите викаат „Ќе одиме да го видиме светецот“, како да е во прашање некој што се уште е жив и е во манастирот.

Маркетинг

И навистина, на ова место сите се однесуваа како Свети Василиј да е жив. Односно се верува дека неговиот дух се уште го посетува ова месо, како и тоа дека со помош на Божјо чудо одвреме-навреме се поместува и неговото тело.

Едно сведочење за тоа пред само неколку дена пренесе пензионираниот владика Атанасије, зборувајќи за една девојка која била опседната со бес, а свештениците од манастирот побарале спас од светецот.

Маркетинг

Како што раскажува владиката Атанасије, во манастирот во Острог пред некое време донеле една девојка која била од друго место, а била опседната од бес. Најпрво и читале молитви во манастирот во близината на селото во кое што живеела, но кога игуменот му се јавил и го прашал што да прават владиката им кажал да ја носат кај Василиј.

Снимката за неговата исповед за девојката ја има на Јутјуб, а во продолжение ќе ви ги пренесеме неговите зборови.

Таа на почетокот се противела, а ѓаволот зборувал од неа

„Не сакам јас таму, таму ќе ме зaкoлaт“.

Но тие сепак тие решиле да ја донесат во Острог. Ја донеле на местото каде што се наоѓа телото на Свети Василиј, а таа цело време плачела. Плачела долго време, а потоа ја однеле долу да се одмори. Кога се симнала, имало народ под скалите, а една жена меѓу нив викнала „Кој ја кадеше? Целата мириса на темјан!“ Очигледно дека тоа беше свети Василиј, го пренесува своето сведочење овој владика.

По ова според зборовите на владиката, девојката почнала да повраќа.

„Како што вели народот, ги истури цревата. Кога се смири, ја вратија, преспа во манастирот и потполно здрава се врати во своето село. По некое време се омажи“, вели владиката и додава дека така делува Бог.

„Преку своите чудотворци ни се покажува присуството божје. Верата е присуство на божјото во нас и не може злото на ѓаволот во светот да го надвладее Бога, а не може ни во нас да надвладее, бидејќи Бог е посилен од него“, заклучува во својот говор овој владика.

Тој додаде дека ова не е прв пат луѓето да го видат „како сам кади“. „Затоа неговите кондури се истрошени. Се гледа дека ѓоновите се користени, а и Верниците го виделе како кади. Тоа значи дека е жив. Тој живоприсутен“, додава владиката во својот говор пред верниците.

Инаку, овој манастир е надалеку познат по бројните чуда што се случуваат токму благодарение на светецот.

Инаку, веќе со векови во близина на манастирот Острог во Црна Гора се случуваат чудни и мистериозни работи за кои науката нема објаснување, а кои верниците му ги препишуваат на чудотворецот и светец Василиј Острошки.

Пред некое време и на верници од Македонија им се случи чуден настан при посетата на манастирот. Тие при патувањето кон манастирот, како му се приближувале, забележале необична светлост на снимениот материјал.

Еден од патниците ја забележал оваа мистериозна светлост со својот телефон, а видеото можете да ги видите во продолжение.

И муслиманите одат кај Свети Василиј

Православните верници го почитуваа овој светец, а безбројни чуда што се имаат случено на ова место се раскажуваат насекаде низ светот. Празникот се прославува на секој 12 мај, 29 април по јулијанскиот календар.

Треба да се спомене дека во манастирот каде што се неговите мошти доаѓаат верници и од другите вероисповеди меѓу кои има и муслимани кои од него бараат спас и исцеление од тешките болести и проблеми што ги имаат во животот.
Според верувањата, и кога Василиј се упокоил, неговата ќелија била осветлена со необична светлост.

Тогаш народот стихијно почнал да доаѓа на местото каде што бил закопан и да се моли.

Животот на Свети Василиј Острошки

Свети Василиј Острошки се родил во Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога пораснал отишол во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Требиње и примил монашки чин.

Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сѐ потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти неговата волја. Како архиереј прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската свирепост и од латинското лукавство. А кога непријателите многу го притеснија, а Турците го разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што тврдо се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви.

Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог станува голем народен собир.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button