Родителите не можат без децата, но и децата не можат без родителите. Грижата, како и љубовта, е двострана. Затоа, помолете се за своите родители и за се’ она што ви го дале.
Колку сум радосен Господи, кога Тебе Ти се обраќам и за моите родители се молам! Тие непрестано за мене се грижат, се трудат и со голема љубов сакаат од секоја беда да ме избават, од болест и од секое зло. Тие секогаш ми посакуваат добро и сакаат здрав да бидам, за да станам добар и разумен човек. Плати им, Господи, со благословот Свој за сите добрини и за љубовта кон мене. Дај им здравје и радост, пази ги од тага и беда, укрепи ги низ целиот живот среќни да бидат. Не лишувај ги од помошта Твоја и секогаш бдеј над нив. И мене помогни ми да ги љубам, да им бидам послушен, да ги исполнувам нивните добри совети, со ништо да не ги огорчам, и да им бидам утеха и радост. Тоа е нивната најсакана награда за нивните грижи, беспокојства и труд, кои во мене ги полагаат. Од сè срце Те молам, обдари ги со таа награда. Почуј ја, Господи, срдечнава молитва моја и исполни го домот наш со радост, зашто ние од Тебе секоја добрина ја чекаме и Тебе Те прославуваме како наш Небесен Отец.
Амин!