Погледнете го ова бајковито издание на нашата прва дама

Нашата прва дама ги воодушеви сите во ова шик издание

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на Стево Пендаровски, претседателот на Македонија, се појави во преубаво модно издание на Меѓународната конференција за популација и развој. Таа за оваа пригода носеше елегантен фустан со долги ракави во впечатлива розова боја, а целото издание го подигна со тренди марама која ја носеше околу вратот.
Оваа боја е една од омилените на нашата прва дама и ова не е прв пат како ја носи, а овој пат веселата боја ја „смири“ со едноставен избор на модни додатоци.

Елизабета важи за една од најелегантните први дами на Македонија и со својот стил го привлекува вниманието каде и да се појави. Така беше и на овој настан кога преубавиот фустан го носеше во комбинација со децентна шминка, голема, црна чанта и елегантни, црни високи потпетици.



Па, дали ви се допаѓа ова издание на Бети?